Оваа фотографија доставена од свиркач до нашата редакција, е направена во просториите на ДИК за време на претседателските избори. На неа се гледа логото на 1ТВ и износот од 100.000 евра, врз која е залепено жолто ливче врз кое со големи букви е напишано: НЕ!, објави Вечер.мк.

На овој начин, Државната изборна комисија успеа да и спаси 100.000 евра на државата, пари кои Боки 13 ги бараше за политички маркетинг на 1ТВ за претседателските избори. Тогаш, ДИК донесе одлука дека 1ТВ не може да добие политички маркетинг, бидејќи не е испочитуван Изборниот законик. Боки се жалеше по сите владини институции.

Потоа, на 3 април 2019 година, премиерот Зоран Заев, во гостување кај Сашо Орданоски на 1ТВ изјави, цитираме:
Заев се осврна и на одлуката на ДИК да ја исклучи целосно 1ТВ од платената политичка програма.

Според премиерот постојат пропусти во донесувањето на одлуката на ДИК да ја исклучи телевизијата од платената политичка програма. Тој рече дека целиот случај ќе биде разгледан и од ОБСЕ и изрази надеж дека проблемот ќе биде решен.

Законот предвидува казна, а не дисвалификација, органите треба да одлучуваат. Денес ОБСЕ излезе со став кој е на страна на телевизијата, бидејќи се работи за нефер постапка – рече Заев.

Целото интервју со Заев погледнете го во видеото:

Ова е уште еден доказ кога претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев директно влијае на независен државен орган, во случајот ДИК за финансиски интереси на 1ТВ на Боки 13 и тоа за износ од дури 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.