Новинарот Дарко Јаневски во колумна за Денешен весник пишува дека неколку дена владее срамен молк по објавување на целосниот разговор меѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска по убиството на Мартин Нешковски.

Заев одржа прес конференција на 5 мај 2015 година на која емитуваше три минутна снимка со која се креира лажна вистина. Се креира лага дека тогашната власт се обидела да го прикрие убиството. И по тие три минути на т.н. „бомба“ во која Заев ги извади коските на несреќното дете и ги фрли по скопските улици, следеа демонстрации во кои беа повредени 40 полицајци. За насилниците се водеа кривични постапки и некои од нив веројатно уште траат.

Не треба многу ум, доволно е да бидеш специјален или обичен јавен обвинител, за да сфатиш, посебно сега кога се појави 12-минутната снимка со сосема поинаква вистина од таа на Заев, Шеќеринска и сите кои стоеја зад „вождот“ на таа прес конференција, дека Заев манипулирал со вистината, ги злоупотребил чувствата на роднините на Нешковски и на јавноста, на илјадници Македонци, од кои некои сторија кривично дело. Тоа во кривичното право се вика „поттикнување“. Или поинаку кажано, кривично дело сторил и тој што удрил на полицијата, но и тој што го поттикнал да удри и да стори кривично дело, пишува Јаневски.

Фрапира молкот поврзан со тоа дека Заев и сите тие од СДСМ кои учествуваа во оваа некрофилија со Мартин Нешковски не се гонети од Обвинителството на Јовевски. И тоа веднаш, во овие неколку дена, пишува Јаневски.

Вториот моменет е дека со 12-минутната снимка се урива целиот концепт врз кој почива постоењето и делувањето н СЈО. СЈО е основано за гонење врз основа на нелегалните снимки и независно од тоа што како доказ подоцна е обезбедено, тоа не го менува фактот дека тие биле „сечени, лепени и монтирани“ (ако така било за Нешковски, можете да замислите како е за другите случаи), и дека во ниту еден случај од надлежните судии и совети не беше дозволено да се провери дали снимките се целосни, дали не се „сечени, лепени и монтирани“.

Всушност, со оваа 12 минута снимка се урива базата, темелот врз кој почива неуставното СЈО (како правото Шкариќу?), бидејќи никој не знае дали снимките што Заев ги предал не се претходно сечени и монтирани, како што никој не знае дали Катица и нејзините ја говорат вистината кога велат дека се што е битно чуле и дека нема ништо спорно во нивните постапки. Фактот што СЈО немаше поведено постапка против никој од таа снимка за Мартин Нешковски не менува ништо во ова, бидејќи убиецот беше експресно затворен, па немаше дело.


Целата колумна на Јаневски, ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.