Како е возможно за толку кус период, Кацарска да биде изгласана за претседател на Уставниот суд, прашува пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, по одлуката на Уставниот суд за прогласување на Добрила Кацарска како претседател на истиот.

Госпоѓата Добрила Кацарска пред само неколку месеци стана нов член во Уставниот Суд.

Се прашувам кога успеа да собере искуство, пракса, познавања и запознавање со работата?

Кога се здоби со довербата од колегите кои се со години уставни судии???, прашува тој.

Да не се чудиме потоа, почитувани граѓани, додава Пренџов, зошто ЕУ ни дава негативни оцени и негативни извештаи.

Да не се чудиме зошто немаме странски инвестиции.

Да не се чудиме зошто економијата ни тоне, а сиромаштијата “чука” на сѐ повеќе врати меѓу семејствата кои сѐ уште живееме овдека.

Сето тоа е ланчан систем. Не случајно првите поглавја кои се отвораат со ЕУ се поглавјата за правна држава и правосуден систем.

Со овакви одлуки, таканаречениот правен систем во Р. Македонија во суштина е диригиран систем. П.С не честитајте во Уставен Суд, честитајте му на диригентот, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.