Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска ја започна внатрепартиската кампања за кандидат за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа попладнево ја претстави својата програма и визија пред членовите и симпатизерите на партијата од Ѓорче Петров.

Професорката Силјановска на денешната дебата во Општинскиот коминтет на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека многу подобро би било ако парламентарните избори бидат заедно со претседателските избори, но дека СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, бидејќи ќе стигне преcyдата на народот, за неодговорното владеење на СДСМ.

Многу подобро би било кога би биле заедно изборите. Тоа е легитимно барање иако сите од меѓународната заедница велат доста се избори. Да, така е. Но, ако вие сте смениле име и сте додале на таков начин службен јазик, можеби требало тоа претходно да го проверите. како што велев јас, прво оставка поднесете, бидејќи во програмата не сте напишале дека ќе го менувате името и дека ќе воведувате втор службен јазик, а потоа посегнете по промените. Значи, тоа не се случи. Логично е сега да го проверат тоа, меѓутоа не верувам. Зошто? Затоа што се менуваат односите. Ним им е јасно дека како што во 2006 година стигна пресудата на народот, дека и сега ќе стигне пресудата на народот. И затоа бегаат од предвремени избори. Инаку во право сте, гаранцијата е тогаш поголема поради стоте дека техничка влада, заради поголемата контрола. Но, и тоа ако не се одлучи, тогаш јас не мислам дека бојкотот е добра одлука, рече Силјановска Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.