Како што ги добив, така и ги објавив снимките изјави пратеникот Антонио Милошоски за телевизија „Алфа“ во емисијата „Што не е јасно“.

Милошоски проговори и како ги добил двете снимки.

Првата снимка која ја објавив во Собранието беше доставена на еден диктафон, а втората беше доставена на еден мобилен телефон, рече Милошоски.

Тој истакна дека во прилог на втората снимка која тој ја објави во неделата како објсанување стоела само една реченица за времето кога се одвива разговорот и за присутните согворници. Милошоски откри дека дејствието се одвивало во Владата на Република Македонија во мај 2019-та години помеѓу Заев опфатен во случајот „Рекет“ и едно непознато лице.

Јас не сум располагал на никаков дург начин со таа снимка освен што сум ја објавил на начин на кој што ми била доставена. Но она што беше во транскриптот како прилог на снимката доставено како објаснување имаше една кратка реченица за времето и за присутните соговорници на настанот. Пишуваше дека дејствието се одвива во Владата, дека се случува во текот на мај 2019-та година и дека соговорници се поранешниот премиер Заев еден опфатен со случајот „Рекет“ и едно Н.Н. лице така што не би знаел да кажам нешто повеќе од тоа што сум го репродуцирал во јавност.

Милошоски потенцираше дека Заев потврди оти се работи за неговиот глас на снимките и дека тој ја потврди автентичноста.

Заев со потврдата дека се работи за неговиот глас и не ги негира изјавите кои што ги дава туку само го менува контекстот ми дава за право дека тој не само што го мислел туку и го правел тоа што говорел, рече Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.