ЈП „Национални шуми“ е длабоко во долгови и тоа не од 10 милиони, туку повеќе од 20 милиони евра, вели новиот директор Здравко Трајанов во вечерашното гостување на „Дејли клик“. Вели дека кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен.

Но, што се случи во последната година во ова претпријатие кое е толку длабоко во долгови? Трајанов вели дека во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време, каде на последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови.

Директорот Трајанов рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата. Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.