Македонија има пријтели, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, по денешната помош од, како што кажа, пријателската Унгарија, предводена лично од министерот за надворешни работи на Унгарија Питер Сијарто.

Виктор Орбан и владата на Унгарија се силен поддржувач на Република Македонија, како ретко кој во историјата на нашата држава. Вреди да се напомене за во историјата да биде запишано дека Македонија во овие тешки времиња го добива својот можеби историски најсилен поддржувач, а тоа е Унгарија која воедно е и земја членка на ЕУ. Република Македонија добива 100.000 маски и 5.000 заштитни скафандери кои се наменети првенствено за сите херои во првите редови на борбата против корона вирусот.
Да се обединиме околу идејата дека ова е еден од начините за да и помогнеме на нашата држава, порача Мисајловски.

За крај испрати голема благодарност до премиерот на Унгарија Виктор Орбан и на целата влада, на граѓаните на Унгарија за помошта кон пријателска Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.