„Ебаму, името, ебаму“, вели Зоран Заев во продолжението на снимката „Европ за Вицето“, што на Јутуб ја објави Зоран Божиновски. Заев уверуваше дека целосно ќе се слушне снимката од случајот „Поткуп“, ќе се докаже неговата невиност и случајот ќе падне. Но, како што пренесува Инфомакс, снимката не само што снимката не ја докажува неговата невиност, таа потврдува дека тој бара мито од струмичкиот бизнисмен, а во неа се слушат и други скандлозни работи.

Порталот ја коментира леснотојата со која Заев зборува за промена на името на државата, како што вели тој за „пусти пари“.

Ние соработуваме со европски пари, со грчките општини и вика нели ви е проблем името, не вашата држава, нашата држава терај европските пари ги зимаме за било што. Нашите луѓе се цело лето во Грција, вие имате ваши луѓе што инвестирале тука, Михалидис, другар ми е Михалидис. Што да ти кажам, дај отвори тој живот да живееме човек. Значи поминаа, времето си тече што има толку многу вредности важни ЕБАМУ ИМЕТО, ЕБАМУ!

Во еден момент обидувајќи се да прикаже некаква си национална гордост тој вели дека џабе ќе е Македонија да влезе и во „свемирот“ ако не сме Македонци, пишува инфомакс.

За меѓународна употреба ќе се договориме, не чепкајте македонски јазик, Македонец кај што ми е националност, тоа што е моето право. Оти џабе ми е и да бидам член кај сакаш, во свемирот да ме зачленеш ако каже кој си ти бе дечко? Што ќе кажеш? Кој си ако не си Македонец?

Делот започнува од 18:45!


Извор: Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.