Поранешниот премиер Владо Бучковски во изјава за НОВА во врска со серијата реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, вели дека не е во ред некој да биде „обвинет” за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина.

Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание – истакнува Бучковски во изјавата.

Тој нагласува дека пред 14 години бил дочекан на нож од дел од медиумите, а сега 14 години подоцна друг премиер е „обвинет” за распродажба на нашата историја.

Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина – истакнува Бучковски во изјавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.