Додека се одржувал економскиот самит во Солун, Грција, каде што шефовите на држави и премиери од овој дел на светот разговараа за идните економски, енергетски и политички проекти, нашиот премиер во заминување Зоран Заев на „Телеграм“ се допишувал со свои некогашни сопартијци и се занимавал со маалски дуќанчиња. Буквално, пишува порталот „Инфомакс“.

Според порталот, наместо да разговара за економската иднина на државава, да лобира за добивање на енергетски проекти, односно да договара што поскоро отворање на пристапните преговори на Македонија во ЕУ, премиерот во заминување на минатонеделниот самит во Солун расправал маалски дуќанчиња во кои се сместени просториите на општинската организација на СДСМ.

Колку и тоа неверојатно да звучи, тоа се случувало на 14 ноември. И за тоа зборував вчера во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, каде што и покажав фотографија од фрагмент од разговорот кој нашиот премиер го терал со бизнисменот Киро Тошевски, чија сопственост и е дуќанот во кој е сместена ОО на СДСМ во Аеродром, пишува уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски.

Тоа е истиот тој Киро Тошевски за кој братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев за „Инфомакс“ тврдеше дека ниту тој, ниту пак неговиот брат премиер не го познавале. Од комуникацијата пак помеѓу Зоран и Киро, јасно се гледа дека двајцата имале плодни „чамче“ муабети преку „Телеграм“, пишува порталот.

Комуникацијата пак започнала во 2015 година, уште пред т.н. шарена револуција. Истата се интензивирала кога требало да се финансираат активностите партијата, во смисла на организирање на разни протести, но муабетите стагнирале кога премиерот во заминување Заев ја презема Владата, пишува „Инфомакс“.

Во 2017. пак, повторно започнува нова рунда на „часкање“ по „Телеграм“, во моменот кога адвокатот Александар Тумановски го контактирал Киро Тошевски со барање да остварат состанок. Се нашле во канцеларијата на бизнисменот, каде адвокатот му понудил откупна цена за земјиште кое Тошевски го поседува, а е во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Според бизнисменот, земјиштето вреди 4 милиони евра. И тоа е чесно. Секој своето си го вреднува како што мисли. Но тоа била превисока цена за адвокатот, кој го потсетил бизнисменот дека е пратен во име на голем човек. Кога Тошевски побарал од адвокатот да го именува „големиот“ човек, тој наводно кажал – „знаеш де, човекот е брат на премиерот“. Сепак, сопственикот на земјиштето не попуштил и не го оттуѓил имотот за цена помала од 4 милиони евра.

И тогаш започнале „шемите“.


Целиот текст прочитајте го на „Инфомакс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.