Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на АМС, Дарко Каевски, само во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина, објави на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски во анкетниот лист, навел дека новостекнатиот недвижен имот е стекнат по пат на наследство, исто како и претходните недвижнини. Неговиот имот брои три стана, куќа и деловен простор. Дали ова е начин да се сoкрие вредноста на стекнатиот имот поради што би се отвориле прашања како и на кој начин е стекнат имотот? Како со државна плата се обезбедува волкав имот и колку време му е потребно на работник со просечна плата да го обезбеди ова ниво на стекнат имот?, прашува Митева.

Митева јавно го прашува Каевски – на кој начин ги стекнавте средствата за купување на овие недвижнини и дали при тоа купување имаат улога финансии стекнати преку вршење на услуги кон државата?

Јавноста очекува одговори. Дали е ова начин на кои се добива наградата на сметка на државата? Дали СДСМ од носителите на јавни функции создава млади политичари со големи сметки?, вели Митева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.