Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд сведочеше за средбите со Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на кои било договарано како тие може да му помогнат на нејзиниот сопруг за случајот „Империја“.

Камчева рече дека на 9 ноември 2018 година, некаде половина час по полноќ во нивната куќа пристигнал Зоран Милевски Кичеец, кој им кажал дека полицијата ќе прави претрес во 6 часот, што и се случило.

Откако во нашиот дом беше извршен претрес, во десет часот беше спроведен и во фирмите, за потоа да биде изведен пред судија на претходна постапка за случајот „Империја“, рече Камчева.

На 15 ноември и се јавил Милевски и барал итна средба, на која тој дошол со Боки 13.

Бојан ми кажа дека заминува на пат и дека не е во ред тоа што излегло во порталите дека синот на Јанева е вработен во 1ТВ и дека и да сакала да помогне сега нема да може, па да сум ургирала тој текст да се повлече, изјави Камчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.