Насобраниот гнев на македонскиот народ за што по половина век Македонија повторно е идеал наместо иднина, денеска, на двата Илиндена, најголемиот национален празник, се истури врз претседателот Стево Пендаровски. Онака како што не смееше, намерно или не, Пендаровски го честита празникот 2 Август, испуштајќи го името на државата.
Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката.
На овој ден со благодарност се потсетуваме за цената што нашите предци – илинденците и учесниците во Народноослободителната и антифашистичка борба ја платија за нашата слобода и државност. Првиот Илинден од 1903-та и вториот Илинден од 1944-та се сведоштво за нивната непоколеблива волја и стремеж за слободна македонска држава. Тие се олицетворение на заедничката борба на сите луѓе за правда, еднаквост, демократија и достоинствен живот, независно од едничката, верската, идеолошката, социјалната или која друга припадност.Да ни е вековит Илинден. Да ни живее Републиката!, напиша претседателот Пендаровски, а Твитер му возврати.
Да ни е вековит Илинден. Да ни живее Републиката! 🇲🇰 pic.twitter.com/WxZgIv1kvb
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) August 2, 2019
Кажи Република Македонија, не се срами не се бој, Македонци, македонски, македонска историја, Илинден е македонски празник, не е бугарски, Гоце Делчев бил Македонец, а не само да се клањате пред Бугарите и да климате со главата и да велите љубави
— Загор од Македонија (@ZagorMakedonski) August 2, 2019
Мора да сте “горд” претседател на Републиката чие име не смеете да изусти те. Правилното од душманот, наметнатиот од својот. Шах мат решен со емотикон.#Македонија #РепубликаМакедонија
— theMac3donian (@theMac3donian) August 2, 2019
Која република бе дечко?
— 💋Султанка💋 (@birozvanosjo) August 2, 2019
Речи Македонија!!#Стоко ‼‼‼
— Maked0n4et0 (@Maked0n4et01) August 2, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.