По одржаната прес конференција на Заев на која соопшти повеќе детали за работата на СЈО и ЈО, Роберт Милески на својот фејсбук профил жестоко реагираше:

Како може бе премиер да кажува кој ќе води обвинителство! Ало, ‘рѓо една муртинска! Несреќо една македонска! Ослободете го правосудството од вашите партиско-извршни канџи! Шеф на обвинителство треба да се избира на интерен конкурс на обвинителството, а за шефот може да гласаат сите обвинители низ Македонија, па кој е најдобар нека победи! Кој си ти бе несреќо една да кажуваш кој е најкомпетентен да води обвинителство! Срамото една!

Со самото тоа што некое име на обвинител е изговорено од твојата погано-предавничка уста, тој/таа без разлика колку е компетентен, можеби најдобар, веднаш е компромитиран! Јас никогаш не би прифатил шеф на Влада да ме именува на таква позиција, не дај боже па ти лично! Цело време ќе ме обвинуваат за подаништво, а единствен начин да се ослободам од таков товар би било да издадам наредба за твое апсење за доведување на државата во потчинетост спрема друга држава, како и рекет врз пратеници и обид за поткуп за време на референдумот!

п.с.. Ништо чудно лажовов муртински намерно да ја спомнува Русковска за да ја компромитира, бидејќи им отвори истрага за Катица и компанија и им го одмота клопчето. Ај ти, паметен е тој за вакви интриги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.