Официјалниот портал на Ватикан, Ватикан њуз, пишува дека посетата на папата Фрнциско е „важен момент за малата католичка заедница“.

Каточичката црква во Македонија претставува помалку од еден процент од населението – факт заради кој е избрано и мотото на посетата: „Не се плаши, малечко стадо“.

Во текстот на мултимедијалниот портал на Ватикан, пренесува Пресиг ТВ, пишува дека католичката заедница на чие чело се наоѓа бискупот Киро Стојанов ја сочиниваат католички верници од повеќе етникуми.

Покрај Северно Македонците, Црквата во земјата исто така има голем број верници Албанци по потекло, како и Хрвати, Бугари, Полјаци и други.

Ако се земе предвид дека папата не е само верски и духовен лидер, туку и државник, јасна е пораката од Ватикан, но и каква реалност и какви последици предизвикува Преспанскиот договор, односно преименувањето на државата.

Никој нема повеќе дилеми дека Ватикан јасно прави разлика меѓу Македонците, тие кои се спомнати во Библијата и во Стариот и во Новиот завет, и тие што сега живеат во Македонија и кои почнуваат да ги нарекуваат Северно Македонци (некаде и Северномакедонци).

Ватикан сега јасно ни порачува и нам и на светот, дека апостолот Павле, кого Македонец во сон го повикал да дојде во Македонија, бил примен од некои други Македонци, различни од овие што сега живеат во денешна Македонија.

Една од последиците кои сега се појавуваат со Преспанскиот договор е што почнува преименувањето на Македонците во Северно Македонци.


Извор: Пресинг ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.