„Го слушаме гласот на децата и се трудиме да изградиме инклузивно и квалитетно образование.“

Прочитајте уште еднаш. Тоа е изјава на презерватив министерката за образование, Мила Царовска. Го слушала „гласот на децата“. Како тоа го прави, можете само да се чудите и прашувате. Можеби си прави фишеци од весник, знаете, како на времето оние фишеци за семки пред Градски кога играше Вардар. И ги става фишеците на ушите и слуша. И пак слуша. И слуша.

Тоа ќе и влезе во CV-то. Што правеше кога беше експертско шуткало во министерската фотелја (навистина, што има завршено Царовска)? Го слушав гласот на децата! И што вели гласот на децата? Појма немам! Јас сум по презервативите и по сексуалното образование, од каде да знам што велат децата! – пишува Дарко Јаневски во својата најнова колумна.

Понатаму пишува:

Градела и инклузивно образование. Што значи тоа? Исто така никој нема поим! Ни таа самата! Освен дека сега во сите земји на Балканот, па и во Северна, во мода е да го употребуваш зборот „инклузивен“. Така звучиш многу попаметно од тоа што си, иако кажуваш само фраза. Ама во празните фрази да ти бил штосот. И во фрлањето презервативи. И во дроновите, се разбира, со кои од Шилегов добиваш тендери за да гледаш дали дрвјата се разболеле.

Но, битно е да си инклузивен. Наутро го будиш детето инклузивно, инклузивно го седнуваш на шолјата, инклузивно се мие, инклузивно доручкуваш со него (јогурт и кифла, како оние во Студентскиот дом, нели Миличка?), инклузивно се облекувате, инклузивно им ја пцуеш мајката на сите од ред, инклузивно пребројуваш дека имаш само пар стотина денари за тој ден, а двата кг месо кои ви ги спомена Шахпаска, а кои СДСМ ви ги заштедил со оние 500 денари, сте ги изеле уште минатиот месец, инклузивно се обидуваш да ги споиш страниците од партал учебниците кои се бесплатни оти влеговме во ЕУ (малерот е што влеговме баш во време на криза за лепаци, а не во време на криза за инклузивно скапата струја), инклузивно ги носиш децата на училиште во котелот со роеви вируси, но битно е дека не ти се дома и дека за неколку часа ти се тргнале од врат, а наставниците нека кршат глава со нив… и инклузивно се сеќаваш на Јован Јовановиќ Змај и неговата „Што е убав овој свет“.

Така имаш двојна добивка. Ем светот ти е убав, инклузивен, ем си модерен. Додуша, и по малку изгледаш глупаво, ама пак, другото и онака носи само проблеми.

И конечно, Царовска градела и квалитетно образование. Тоа е истото образование во кое нема еден асален учебник за децата, а програмите се некаков микс меѓу „видела жабата потковица“ во Кембриџ и кој знае што. За наставниците нема никакви помагала, да не зборуваме за компјутери (лап топ) и слични дребулиии. Ама пак, што ќе им ги? Компјутерите само ги расипуваат очите. Исто како и пристојните плати. Кои не ги расипуваат очите, туку го расипуваат човека, оти наша измислица е дека парите се отепувачка. Плус, парите не се за секого. Тие се за Царовска и таквите како неа. Вие, сељачишта, и онака не би знаеле што да правите со нив.

И се разбира, кога тоа е така, јасно ви е дека Царовска ни гради квалитетно образование. „Вложуваме во младите, вложуваме во наука и создаваме цврста основа на општество кое се грижи за сите и општество на економски раст и развој“, вели таа. Прочитајте го ова уште еднаш. И повторно. И најдете смисла меѓу ова купиште празни зборови и тоа што таа навистина го прави. Како да ја слушаш Шеќеринска. Или уште повеќе, како да слушаш некоја мис на светот. Што најмногу посакувате? Мир во светот! Која книга најмногу ви се допаѓа? Библијата? Зошто? Затоа што има убави сликички на сите 32 страници од книгата. Иако има некој таму што е сликан како минува низ некое море, ама од каде, пак, апарат за фотографирање во тоа време?

Се разбира, ние обичните, не ја разбираме суштината на реформите. Во новиот реформиран образовен систем, клучно е децата да научат да се снаоѓаат. На пример, ако им треба вентилација на училницата, тоа да не го прават со скапи уреди, кога тука е традиционалната македонска промаја. Отвораш прозорци и врата и застануваш на средина. И ги викаш децата околу тебе. Сите да ја почувствуваат традицијата на Северна. Патем, во рацете да ја имаат „Како се калеше челикот“.

За волја на вистината, во калењето на челикот, заедно со Царовска, вклучен е и Филипче. Оној што на времето имаше ангажирано сурија празноглавци да демнат кој што пишал на интернет против него и да скокаат како петлиња. Така, „Слушај го Венко“ сега со Царовска е вклучен во проектот на калење на децата со корона вирусот. Што повеќе деца се заразат, толку повеќе ќе стекнат имунитет од вирусот. Тука и таму, некое може и да заврши во болница, ама тие и онака не се деца, туку проценти. Тоа е веројатно дел од реформата. Вие не сте родиле и одгледале дете, туку процент. Наставниците не образуваат деца, туку проценти. Поголема образовна реформа – здравје!

Целата колумна на Денешен.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.