Бојан Јовановски денеска од истражниот затвор во Шуто Оризари бил пренесен на скопските клиники, поради болки во желудникот. Тој примил инфузија на Клиниката за торакална хирургија, по што бил вратен во притвор.

Како што претходно изјави директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи, Јовановски имал желудочни тегоби поради операцијата на желудникот која ја имал неодамна.
Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.