Новинарот Дарко Јаневски својата последна колумна ја посвети на најновиот случај „Рекет“ во кој се приведени Бојан Јовановски и Зоран Милески, а воедно е посочено дека постои сомнение за вмешаност на обвинители, партиски функционери и пратеници.

Јаневски напиша:

Ајде замислете ваква ситуација: МВР и Обвинителството следат дилер на дрога. Тој ја продава дрогата на Бит Пазар, го снимаат и потоа пуштаат глас низ чаршија дека имаат снимка. Малку потоа, склопуваат приказна и ја пласираат во јавноста. Дали ова ви личи на нешто што е нормална истрага?

Поинаку би било ако, а тоа го знае секој аматер, не пак професионалец, ако сите молчат. Значи нема глас низ чаршија и нема приказни во јавноста, и го оставаат дилерот за да видат кому ќе му ги однесе парите и од кого ќе добие нова тура дрога за продажба. За да дојдат до тој, до главата на дилерите. И да дојдат до оној, од нивните редови, полицаец, обвинител или политичар кој го штити главниот дилер. Се разбира, ако се процени дека се нема капацитет за таква тајна операција, се бара странска помош, обично на две спротивставени места, која сето тоа ќе го поттурне, но и документира.

Така што, што од ова ви е понормално? Првото кога фактички акцијата е прекината на половина и се уапсени некои потрчковци, а главите се на сигурно или второто кога е оставено акцијата да дојде до врвот и до главата на операцијата, а не до некој потрчко со силикони кој им бил „фенси“ на скопските калаштури.

Токму првото е направено во акцијата со Боки 13, а требало да направено второто. За да се дојде до „обвинителот“ врз кого/која Боки имал „влијание“. А имал влијание затоа што е убав нели, а не за да даде дел од парите. Но, чекај малку, можеби Боки не требало да ги даде парите на обвинителот, односно обвинителката? Можеби, парите оделе кај друг, а тој друг, потоа им ги делел на сите. Секому според заслугата. Нели? Односно, секој според можностите, секому според потребите. Што би рекол Маркс, а богами, како што би рекла и Библијата (чудни се патиштата кога основното начело на комунзмот ќе го видите во Господовата книга, зар не?) И токму до тој требало да дојде акцијата. А не дошла. Што мислите зошто?

Така што јасно е дека половичната акција на МВР и Обвинителството, има за цел да ја спаси обвинителката, но таа е само второстепен играч. Целта е да настрада шутракот со ветување дека нема многу да го боли, а истовремено да не се стигне до главата на оваа мафијашко-рекетарска банда кој ја контролира и обвинителката.

И случајно да не мислите дека „професионалците“ во МВР и Обвинителство не го знаеле ова? Веројатно јасно им било уште во првиот момент. Ниту се наивни, ниту се до толку аматери. Што би значело дека во сето ова свесно влегле. Исто како што сега свесно се пушта приказната дека кога МВР вршел пртерес, Јанева свртела некои телефони. Да, кај Трамп и Путин, бидејќи ги има на линија како Заев што директно го има Порошенко. Уште една комедија со која се обидуваат да ви ја потценат интелигенцијата. Демек, полицијата има налог да ве приведе, ви доаѓа дома, и наместо прво да си ја изврши работата – приведувањето, почнува да ви гледа во фиоките со тангите, оставајќи ви го телефонот и давајќи ви време да си вртите од него. Замислете само за момент, МВР да влезе вака кај убиец и да почне да му пребарува по фиоки, оставајќи му го пиштолот в рака. Глупост, нели? Ама ова не со Катица не ви изгледа за глупост?

Целата колумна на Денешен.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.