Во однос на новиот Закон за јавно обвинитеелство и СЈО професорот на правниот факултет Гордан Калајџиев на гостување во „Стадион“ на Канал 77 истакна дека не може владата да одлучува кој ќе го води ЈО и која ќе биде неговата судбина.

Не може премиерот да одлучи кој ќе ја води таа институција, која ќе биде нејзината судбина, за тоа треба поширок консензус и најмалку треба од власта да зависи – вели професорот Калајџиев.

Тој вели дека на обвинителите во СЈО не им беше гарантиран доживотен мандат, но со преодното решение прво се сакало да Катица Јанева да и се продолжи мандатот без реизбор по пат на закон, што ќе беше чудно решение, сега пак обратно целото ообвинителство да премине кај Вилма Русковска со одлука на политички фактор.

Професорот даде мислење дека целата идеја на СЈО се засноваше на автономија на една институција да се бp[и со политичкиот врв, но ако може политичкиот врв преку ноќ да ја зaкопа СЈО, тоа значи дека таа институција не е на добри темели изградена. Целта на таа институција е власта да ја aпcи, а не обpaтно.

Тој вели проблематично е зошто владата искача сега со вакви решенија, а до вчера не убедуваа дека нема инволвираност на Катица Јанева, а сега решение за СЈО каде што се зaкопува само заради Катица Јанева, која што вели професорот треба да одговара доколку е замешана во криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.