Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да остане надлежна за предметите на СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.

Претходно, уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.