До сега на ниту едно од починатите лица од ковид-19 во нашата држава не е направена обдукција, бидејќи е утврдено дека се починати од инфекција од вирусот, вели во разговор за МКД.мк директорот на Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, доцент д-р. Александар Станков.

За да се направи обдукција на починати лица кај кои е докажана инфекција со ковид-19 потребни се посебни услови како во просторијата каде ќе се врши обдукцијата така и за луѓето кои ќе ја вршат обдукцијата. Просторијата треба да е добро вентилирана и во неа да владее негативен притисок. Со ова ќе се спречи ширење на вирусот во останатиот дел од објектот каде би се вршела обдукцијата. Персоналот кој би ја работел обдукцијата треба да има заштитни маски, визир, и облека која е непропустлива за вода. Во Институтот постои одделна просторија која е наменета за обдукција на случаи кои се високо ризични и персоналот е снабден со заштитна опрема. Меѓутоа ризикот за ширење на инфекцијата низ објектот е огромен. Исто така постојат многу нејаснотии за вирусот. Не знаеме колку време преживува во телото на починатиот, не се познати сите патишта на ширење, изјави за „МКД.мк“ д-р Станков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.