Орце Ѓорѓиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја коментира вчерашната вест дека поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски, кој беше фатен во организиран шверц на мигранти, пред заминувањето на Оливер Спасовски од Министерството за внатрешни работи е назначен за советник во (БЈБ) Бирото за јавна безбедност.

Ова се кадрите на Спасовски и Славјанка. СДСМ криминална продолжува со коалицијата со мафијата. Љупчо Трајковски – лице кое е главен осомничен во шверц на мигранти, кривично дело против човечноста и меѓународното право од началник на СВР Штип, позиција која ја држи за време на СДСМ е унапреден во советник на директорот на БЈБ, кадар на СДСМ. Тоа е таа мафијашка матрица. Наместо за граѓаните работат за мафијата. Ова ли се кадрите на СДСМ со кои планираат да одат на избори!? Ова се структури чие место им е пред истражните органи, а не во институциите на челни позиции, пишува Ѓорѓиевски, кој пред Нова година го откри скандалот со полноќните решенија на министерот за внатрешни во заминување Оливер Спасовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.