На ГП „Блаце“ се прават рокади на вработените по партиска основа, вели за „ТВ21“ вработен на граничен премин, кој исто така се жали за слабата застапеност на Албанците на раководни позиции во МВР.

Сега во предизборен период се прават преместувања на неколку позиции, а меѓу последните случаи е кадар на ДУИ кој бил шеф на смена, а заменет со активист на СДСМ, вели изворот за телевизијата.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кусо одговорил дека не ги делат вработувањата на партиска основа.

Ова уште едно од многуте несогласувања помеѓу коалиционите партнери СДСМ – ДУИ во последниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.