Aдвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, и бранителите на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, по денешното судско рочиште за „Рекет“ реагираа дека во исказите на сведоците има контрадикторности во однос на тоа што го зборуваат во судот и на тоа што го кажале во обвинителството за време на истрага.

Има неверојтни контрадикторности во изјавите, рече Дуковски, а на дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

И Кадиев се согласи за неконзистентноста во изјавите, и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари, рече Кадиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.