Nовоизбраната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествува на тркалезна маса на тема „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд со новинарите и граѓанските организации“ којашто ја организира Институтот за човекови права.

Судијката тврди дека не постои политичар кој може да ѝ се јави и да ѝ каже како да одлучува за некој предмет, но на чело на судот дојде во период кога на тројца уставни судии им истече мандатот, па сега судот наместо со девет работи со шест судии. Според процедурата, новите уставни судии треба да бидат предложени на Комисијата за избори и именувања, но уште непредложени, пратениците од власта и опозицијата се „судрија“ на Комисијата и официјално не предложија ниту еден кандидат. Кацарска се надева дека политичарите ќе изберат професионалци и чесни судии, пишува Фокус.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.