На денешното рочиште за случајот „Рекет“ пред судот сведочи обвинителката Лиле Стефанова.

На прашања на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски, дали емисари се јавувале да се распрашуваат за случајот „Империја“, Стефанова одговори потврдно.

На прашањето дали личноста која се распрашувала е дел од Кривичниот суд таа рече да.

Можам и да го кажам нејзиното име. Тоа е Добрила Кацарска, рече Стефанова.

Стефанова додаде дека Кацарска не се јавувала кај не лично за случајот „Империја’ туку кај нејзин колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.