Судијката Добрила Кацарска, која е гостин во емисијата „Правда и неправда“ изјави дека верува дека ја донела вистинската пресуда да сучајот 27 април. За ослободителната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски, објаснува дека како судија нема како ни зошто да го изедначува со групата амнестирани која ги предводеше протестите на „За заедничка Македонија“. Како што вели, во кариерата донела повеќе ослободителни пресуди, но оваа и била најтешка.

-Ги имаме сите докази, но од нив не произлезе дека обвинетиот го сторил делото за кое беше обвинет. Предметот се однесува само на настаните од 27 април, а не и претходно. За Игор Дурловски имаме само доказ дека влегол во Собранието, се наоѓа во пленарната сала, и ја пее химната. Точно е дека се поздравува со дел од присутните, но не остави простор макар за минимален сомнеж дека има контакти и е поврзан со останатите учесници во постапката, вели Кацарска.

Додава дека да имало макар уште некој доказ, немало да биде ослободителна пресуда. Имало сведок, Курто Дудуш, кој го видел како ги упатува другите, но не бил категоричен во исказот, односно рекол „мислам“, што значи дека неговиот исказ не може да се земе како веродостоен, односно никој не може да биде осуден врз основа на сомневање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.