Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, Јункер изјави дека е “импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.