На социјалните мрежи се споделува повик од Игор Југ за протест на 25 април.

Повик од Игор ЈУГ.

Во Недела, на 25ти Април, да не обедини љубовта кон Татковината, зошто Македонија на сите нас ни е Татковина, без обзир на која нација и вера припаѓаме!!!

Сите ние сме деца на Македонија!!!

Доста е од поделби, само кога сме единствени сме силни!

Јас по националност сум Хрват, но верен сум на земјата во која израснав, која ме школуваше, на земјата во која растат и се школуваат моите деца , тоа е должност на секој лојален граѓанин на една земја!!!

Ќе си земам за право да ги повикам моите сонародници Хрвати кои живеат во Македонија, на 25ти Април да дојдат и да дадат поддршка на протестот!

Излезете браќа, за мене, за Јане, за Горан, за Вили, за Луди, за Мацо, за Миле, за Оли, за Тошта, за Коста и за сите останати браќа кои ја делат нашата судбина по занданите!

САМО СО СЛОГА СЕ ПОБЕДУВА НЕПРАВДАТА

Игор Југ

 

Повик од Игор ЈУГ.

Во Недела, на 25ти Април, да не обедини љубовта кон Татковината, зошто Македонија на сите нас ни е…

Posted by Marjan Stojanoski on Thursday, April 22, 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.