Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата. Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба.

Според него новите четворица осомничени ќе бидат уапсени денеска, а обвинителката која го води случајот Вилма Русковска ќе одлучи дали ќе побара притвор.

Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.