Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави можност за промена на мерката куќен притвор за Сашо Мијалков по изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“. Во разговор за ТВ24, тој истакна дека одлуката што е на сила била донесена во момент кога полицијата го барала поранешниот директор на УБК.

Жалбата беше повлечена оти решението за куќен притвор во тој момент не можеше да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство, а за петок е најавено објавување на пресудата, вели Јовески.

Сашо Мијалков од вчера попладне е во домашен притвор. Иако во решението за куќен притвор е определено целодневен аудио и видео надзор со електронска алка, сепак тоа не се спроведува бидејќи во Македонија не профункционира пробацискиот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.