Две неплатени сметки за струја, вода, парно, но и две неземени плати ги исплашија вработените во поранешното Специјалното Јавно обвинителство. Стравуваат и за својата, но и за судбината на прислушкуваните разговори, предметите и доказите кои се наоѓаат во зградата на СЈО, пишува Телма.

Државниот обвинител Љубомир Јовевски, кој ги презема обвинителите во своето обвинителство, за Телма вели дека нема опасност за предметите, но има за вработените во СЈО.

Дел од нив брифираат дека ако се исклучи струјата ќе се исклучи и видео надзорот, а безбедноста на материјалите ќе биде загрозена. Од друга страна тие веќе два месеци се без здравствено осигурување и плати.

Нема да дозволиме безбедноста на материјалите да биде ставена во опасност. Ќе се најде решение за неплатените сметки. Проблем е што на вработените во СЈО нема кој да им потпише плата поради што сега немаат ниту здравствено осигурување, изјави Јовески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.