Кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски на денешната прес-конференција им се заблагодари на кичевци кои во првиот круг класале за него.

Покажавте дека без разлика на национална, верска или партиска припадност не сакате да живеете во смрдеа од фекалии и диви депонии, не сакате да живеете во страв од диви кучиња скитници, и не сакате да живеете во урбан хаос. Со вашиот глас покажавте дека ви е доста од корупција и беззаконие, покажавте дека сакате промени, дека сакате да живеете во почист, помирен и поуреден град. Затоа ве повикувам здружени и посилни да излезете во што поголем број и да ја заокружиме победата во вториот круг, рече Јовановски.

Тој потсети дека мандатот ќе го започне со решавање на неодложните проекти – проблемот со кучињата скитници и фекална канализација во село Другово и село Србјани.

Ќе пристапам кон реконструкција на канализациските мрежи и доизградба на канализациска мрежа во бившите општини Осломеј и Зајас. Нема да губам ниту секунда од драгоценото време во решавањето на горливиот проблем со дивите депонии и загадувањето. Ќе инсистирам да се доврши магистралниот гасовод за кој веќе имаме проект и план да го дочекаме спремни за поврзување на примарната мрежа. Сакам да соопштам дека со сите сили се бориме да донесеме нова инвестиција во нашиот град која ќе овозможи вработување на минимум 300 граѓани, преговорите се веќе во тек.

Ве повикувам заедно во победа и подобар живот. Можеме подобро, мораме заедно.

 

Линк од видео материјал:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.