По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски ѝ укажа на судијката дека нема да се појави на закажаната интервенција на 4 февруари. Тој објасни дека не се прифаќа ниту еден наод за неговата лоша здравствена состојба.

Исто така додаде неговото семејство веќе не е во можност да му доставува храна во притворот и дека тој нема да ја конзумира затворската храна.

Јовановски најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

Моето здравје и живот ги ставам во прв план, но други одлучуваат за мене. Против мене се води тивка и стихијна ликвидација, рече Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.