Продавај магла, продавај лајна се купуваат, вели актерот Владо Јовановски, кој со цитатот до „Црна дупка“ на Горан Стефановски се обиде да ја опише моменталната ситуација во Македонија

Легендарната изјава на Петре Шилегов за убиството на Ѓорче Петров, полека но сигурно го става во втор план, скандалот со „Нинџа желката“. Тој скандал пак, ја стави во трет план сечата на јапонските цреши. Црешите се сечеа, кога Грција си ја избрендира Македонија, ем Грчка, ем Голема. Тој бренд пак, ни помогна да заборавиме на ОХИС. Што беше тоа, ОХИ…!? Останаа само болките во грлата и градите. Сотрувањето на дивите свињи и во ловен и во не ловен ден, е само статистика, а африканска чума нема ниту за лек. Дивоградбите постојат само во народното предание. Народното пак, стана граѓанско. Граѓанското стана коса црта/. Македонскиот јазик стана мајчин. Мајките плачат по своите затворени синови. Синовите копнеат да ги видат родителите, а затворот е од двете страни на решетките. Слободата стана ропство! Македонија – ГОЛГОТА!

 

„Продавај магла, продавај лајна се купуваат“ – „Црна дупка“, Горан Стефановски.

 

П.С. Оваа генерација на Македонци, да се стави под заштита на УНЕСКО, како феномен. Спечифичен вид, што може да преџвака толку многу ѓубре во единица време, што и лебарките можат да ни позавидат.

 

Нас бре ни атомска бомбаа ништо не ни може, вели Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.