Ослободете ги невино затворените луѓе, oслободете ги македонските патриоти, кои се бореа за слободна, независна и унитарна Македонија, порача Владо Јовановски.

Македонија, како заедничка куќа на сите граѓани и народи кои живеат во неа, но и на Македонците.

Ослободете ги тие Човеци, кои се бореа и за вашата слобода и за вашето правото да бидете свои на своето – Македонци во Република Македонија!

Ослободете ги тие кои не сакаа да им биде избришан идентитетот, името, јазикот, историјата, културата, фолклорот, преданијата, меморијата, востанијата…!

Ослободете ги Тие, кои не сакаа да им бидат избришани предците и гробовите нивни!

Ослободете ги невино затворените маченици од настаните на 27 април 2017 година!

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ!, апелира тој.

Ако ги ослободите, додава, барем малку ќе си ја олесните совеста, ако ја имате, или барем ќе ја подзаплакнете, за на оној свет, како алиби…

Демек, еве нешто и добро направивме.

Ослободете ги од монструозниот член 313. (терористичко загрозување на уставниот поредок….)

На која држава?

Како се вика државата сега?

Што остана од идентитетот и од достоинството на македонскиот народ?

Зошто овие патриоти се’ уште се обвинети и страдаат заради тој член?

П.С.

“…Насилниче, чувај се од силата на врзан човек…”!, порача актерот и некогашен предводник на „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.