Актерот Владо Јовановски реагира за судската опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако призна дека физички го нападнал Демир Исмаил и изрази каење поради тоа.

Курто е бил и ќе биде!Но, и…
Мурто е бил и ќе биде!
Секоја сличност со господинот Курто Дудуш е случајна.
Јас, пак, предлагам, кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи, за министер за ОПОМЕНИ… (ново министерство), барем толку заслужува нашава демократија, во нашево општество, во нашава др’жава (како ѝ беше името)?

А пак, Игор Дурловски да се запали на клада. (се разбира, ќе му се извиниме пред или по палењето) – коментира на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.