Се раздвижува политичката сцена. Како што ми се гледа мене, во тек е процес на дистанцирање…, коментира економскиот експерт и некогашен висок функционер во СДСМ Зоран Јовановски.

На денешниот брифинг претсеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во петок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и дека одлучил дека е време за одмрзнување на нивните односи, зошто пред нив се сериозни теми како случајот 27 април и актуелните полички случувања.

Откако потпретседателката на СДСМ, пак, Радмила Шекеринска неодмна кажа дека нема веќе да ја извршува таа функција, проструи и вест дека наводно некогашниот предводник на партијата Бранко Црвенковски ќе формира партија во која ќе бидат голем дел од оние незадоволни од раководењето на Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.