Поранешниот пратеник од НСДП, Љубомир Јосифовски негира дека извршил било каков упад во компјутерскиот систем на Централен регистар. Тој во изјава за „Слободен печат“ вели дека 9 часа поминал во полициската станица Беко, каде му било соопштено дека е обвинет за компјутерски упад.

Вчера ми се јавија од полициската станица Беко и ме повикаа на разговор. Ме држеа 9 часа. Ми кажаа дека сум обвинет за компјутерски упад во системот на Централен регистар, иако не ми покажаа ништо конкретно како доказ дека сум направил такво нешто. Јас како сопственик на фирма сум 10 години корисник на податоците од Централен регистар. Десет години сум претплатник според официјалниот ценовник на регистарот и користам јавно достапни информации, изјави Јосифовски за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.