Да не оставиме впечаток дека ние ги кочиме процесите во Република Македонија и дека ние само нудиме критика, дадовме предлог до власта, за тоа што објективно Македонија има капацитет да спроведе електронски попис заради електронскиот регистар кој што 2015-тата година до денес е имплементиран, и претставува регистар кој што ги содржи податоците од база на податоци од институциите во Република Македонија. Знаете граѓаните во текот на функционирањето на живеењето во Република Македонија секојдневно оставаат податоци во низа институции дали е тоа во ФЗОМ, Фонд за пензиско, во банка, во низа други институции кои што преку вкрстување на податоците од овие бази можеме точно да утврдиме кои луѓе живеат во Република Македонија и кои луѓе се резиденти – рече Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Јорданов додаде дека и тој предлог власта го одби, одби електронски попис.

И за тоа сето ова кое што можевме да го видиме, остава сомнеж дека тие имаат друга намера, не сакаат да спроведат статистичка операција која што ќе ни користи во понатамошниот период во градењето на односите, развојот на државата, овие податоци да користат и за регионалниот развој и за планирањето на економскиот развој, за тоа што стратегиите кои што треба да се планираат зависат од податоците кои што ќе ги прибавиме преку попис – појасни Јорданов.

Јорданов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ даде и предлог не само корекција на приложениот Закон туку времено да се одложи бидејќи моментално светот и Македонија се наоѓаат во здравствена криза која дополнително ќе допринесе повеќе проблеми во спроведување на самата операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.