Иван Јорданов пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред МНР под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од Зоран Заев и масовно блокирање на улиците и институциите низ Македонија.

Денеска сме овде да кажеме доста е на предавствата доста е на понижувањата и доста е на оние неразбрани трговци кои што ја парчосуваат Македонија и однадвор и внатре. Доста е на сите оние понижувања кои што како народ ги живееме овие години. И покрај тоа што велевме оставка престанете да го понижувате народот, гледаме дека тие не запираат гледаме дека состојбата колуминира со поставувањето на Бучковски како одговорен за односите со Бугарија. Замислете овој воен профитер, овој човек треба да ги застапува позициите на Македонија. Овој човек кој што ја распарчуваше Македонија одвнатре треба да ја застапува а ние велиме ќе ја распарчува и и однадвор. Двоецот Бучковски и Заев, воениот профитер и аболицираниот криминалец треба да ги застапуваат интересите на Македонија. Затоа порачуваме оставка за оваа не народна власт, оставка за оваа патлиџан надворешна политика, оставка за сите предавства кои што се правеа и кои што се на ум да ги направат, нагласи Јорданов.

Пратеникот Иван Јорданов ги повика Македонците и другите етнички заедници заедно, масовно да ја блокираат Македонија и на улиците и институционално.

Затоа од овде ги прашуваме кој ви дал право да преговарате за позициите на Македонија? Кој ви дал право да ја распарчувате Македонија? Ние сме Македонци кои што говорат на македонски јазик, кои што пеат на македонски јазик, кои што се веселат и тагуваат македонски, ние сме Македонци затоа што нашите предци се Македонци, затоа што нашите дедовци се Македонци, затоа што нашите родители се Македонци, затоа што ние сме Македонци и сакаме нашите поколенија и нашите деца да бидат Македонци. Затоа македонски народе и сите други етнички заедници да се обединеме заедно и да ставиме крај на овие предавства на овие понижувања кои што ни се случуваат.Да ставиме крај, масовно, насекаде во Македонија, да испратиме порака дека друга држава немаме и дека ќе ја браниме. Затоа ве повикуваме и понатаму да ни се приклучите, да ставиме крај на предавствата, масовно да ја блокираме Македонија и на улица и институционално. Да сте ми живи и здрави, да е вечна Македонија, заклучи Јорданов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.