Ова зад мене е недовршената Клиничка болница во Штип, која што 5-та година е во застој. Се прашувам колку човечки животи треба да згаснат, колку корона бранови треба да се случат за да власта сфати дека изградбата на оваа Клиничка болница треба да биде приоритет? – јавно праша Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја користам оваа прилика да го поздравам градоначалникот на општина Штип кој што во овој момент се наоѓа на некоја од плажите во Грција. Единствен начин да се спасат човечки животи е да го искористите вашето влијание како градоначалник да направите притисок врз вашиот ментор Зоран Заев и после пет години застој конечно да ја доврши изградбата на оваа Клиничка болница – истакна Јорданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.