Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци преку свој Фејсбук статус се обиде да покаже како изгледа метлата на Заев, потенцирајки дека народот не е глуп и следи како, кој и каде ги „испумпува“ милионите од државата.

Како изгледа ,,метлата” на Заев.
Прво го ставаш дечково за директор на ,,Водовод”, он троши 555.000 евра за една година за адвокати блиски до СДСМ, а 77.000 евра одат за организациониот секретар на СДСМ -Миле Зечевиќ.
Никој не знае како е возможно половина милион евра да се ,,испумпаат” од ,,Водовод” за надворешни адвокати, иако внатре имаат вработено купишта правници.

Антикорупциска си молчи.
ОЈО не реагира.

Дечково, откако си заврши работа, ,,стопи” 555.000 евра, а на Зечевиќ му искешира 77.000 евра, си заминува од ,,Водовод” и доаѓа на местото на Зечевиќ во партија.

Зоќе, ова ти си го викаш ,,метла” ?
Демек глуп е народов, а ?
Ах, брееее, стои во статусот на Јоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.