Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот Фејсбук профил напиша статус со цел да и даде појасна слика на јавноста, како што пишува таа за случувањата со случајот „Рекет“, но и за релациите меѓу сопстевникот на Курир.рс и премиерот Зоран Заев.

Во контекст на денешната насловница на српски ,,Курир”, каде Боки 13 му испраќа порака на Заев дека ќе му ја урива Владата, мало инфо за неупатените.

,,Курир” е Александар Родиќ (фото 1), сега купен од Вучиќ. Воедно, Родиќ, е 50 отсто газда на македонскиот ,,Слободен печат”.

Од друга страна, Родиќ, е првиот човек кого Заев го прими кога стапи на премиерската должност, шобисерекло-ептеен другарчиња.

Еее, сегааа…Родиќ/Вучиќ му го ,,учукуваат” на другарот Зоќе со ваква насловница. И тоа, во екот на одбивањето на Заев да го екстрадира Тимор Морина на Белград, со што исклучително се заострија односите Македонија/ Србија.

Не знаеме луѓево што имаат во план да објавуваат на насловници во следни денови, но Боки, кој долго живееше во Србија и се движеше во чудни кругови, им е добредојден. Ете, во денешен ,,Курир”, Боки, на пример обзнани дека има многу докази против Заев.
Можда им ги испратил, шу знаеме !?

Толку од другарството.
Босански лонец е работава.

П.С. Башка на Србија не и` дадовме поени на Евровизија.
Врло веома заебано, напиша Ивановска на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.