Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Меѓу првите ја пречека Фуркан Салиу од „ТВ21“, со незгодното прашање: „Обвинителке, како од од најголема надеж за правдата дојдовте до овде?“. На тоа Јанева одговори со насмевка и побара да даде застане пред камерите и на другите медиуми, за да даде изјава.

Јас сум сè уште специјален јавен обвинител во Република Македонија и моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен.

Што се однесува до мојот исказ денеска, се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја убрзам истрагата“, рече Јанева и замина без да одговори на дополнителните, на бројни новинарски прашања.

На ваквата изјава на Јанева реагираше новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, која се произнесе на Фејсбук:

Пошо Вилма е спора, сињора ќе ѝ убрзувала истрагата.
Веќе станува виц сево ова.
Оваа беспоштедна и исцрпувачка битка против криминалот, нали, на севселенскиот
антикорупциски патријарх Жоки Жаев, и монсињора, Кејти Џен“.


Проблематично за јавноста е и тоа што Јанева пред влезот беше пречекана и отиде на распит со адвокат, и тоа адвокатот на осомничен во случајот „Империја“. Според експерти Јанева може со себе да земе адвокат ако е осомничена или пак ако се води како сведок или оштетена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.