Откако во саботата се појавија нови снимки на „јутјуб“ Јавното обвинителство отвори предмет во врска со нив.

На снинките наводно се слуша гласот на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за Телма изјави дека дека ќе се утврдува кој ја објавил содржината и ја поставил на социјалните мрежи, идентитетот на лицата кои разговараат и содржината на разговорите.

Обвинителството ја отворило постапката за да утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело. Доколку има потреба лицата ќе се повикаат на разговор, а врз основа на собраните докази ќе следи и соодветна пријава, најавува Јовески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.