Јавното обвинителство отвори истрага за недостиг од пасоши. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев објави дека досието го доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителството информира дека собираат релевантни докази за евентуална злоупотреба во МВР, јави Алсат телевизија.

Министерството за внатрешни работи ја затвори телефонската линија којашто се користеше за закажување термини за пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека во моментов има околу 3.700 пасоши, кои можат да се издаваат само со посебни барања за итни случаи на граѓаните.

Чулев повтори дека овој проблем го наследил од неговиот претходник во МВР, Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.