Во објавени текстови кои имплицираат дека „обвинителката се повлекува од случајот за малата Тамара”, има наводи кои не кореспондираат со точните факти. Имено се наведува дека јавниот обвинител кој досега постапуваше во предметот се повлекува и дека со тоа постапката во предметот ќе започне од почеток, соопшти службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство.

Посочуваат дека ќе биде назначен друг обвинител.

Имајќи предвид дека наведените информации не се точни, Ве известуваме дека јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек, велат оттаму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.