Парични, но и затворски казни ќе следуваат доколку некој ве демне. „Јавна соба“ укажа дека се потребни законски измени. Презентирани се законски измени подготвени од Министерството за правда во кои ќе биде додаден термин „Демнење“, со што ќе биде воведено и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, соопшти Министерството за правда. Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со една од девојките жртви на групата „Јавна соба“.

Во Кривичниот законик се додава член 144 а – во кој се вметнува терминот „демнење“ кој се објаснува на повеќе начини: подолго време неовластено следење, прогонување или друг начин на мешање во личниот живот на друг, злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација и сето ова да предзивика чуство на несигурност, став, вознемереност, сооопштија од Министерството за правда. Велат дека со измените се предвидуваат парични казни, но и казна затвор до три години.

МВР ја затвори групата, но соопшти дека во меѓувреме следи слична група на социјалната мрежа. Уапсени се неколку лица, а едно лице кое е инволвирано е на Малта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.