По изјавата на турскиот наркобос дека лично се познава со премиерот Зоран Заев и дека престојувал во неговиот дом, Антонио Милошоски вели дека е јасно кој им издал наредба на службениците во МВР да му издадат македонска патна исправа со украдениот идентитет Џадин Амедовски.

📌После изјавата на Седат Пекер, по кого има меѓународна потерница за трговија со дрога, дека имал лична средба со Зоран Заев, станува јасно кој ја дал наредбата за на овој нарко бос службениците во МВР да му издадат македонска патна исправа со украдениот идентитет Џадин Амедовски.
📌И додека полицијата во Турција и во ЕУ го барала Седат Пекер за да го уапси за наркотрговија, Заев го среќавал дома, и му овозможил да се сокрие на меѓународната правда. Ова е само еден пример кој покажува како македонскиот пасош, со знаење на владините функционери, станал патна исправа за заштита на 215 меѓународни мафијаши кои се барани од Италија, од Србија, Турција, Романија, Црна Гора и од целиот Интерпол.
📌Случајот “Мафија” е уште еден доказ дека контролниот систем на македонските патни исправи е пробиен❗, пишува Милошоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.